Полицијата приведе 30-годишен скопјанец по претрес во неговиот дом во село Волково, каде што пронашла марихуана и бела прашеста материја.
Претресот бил извршен во 6:30 утринава.
Уапсениот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.