За в недела, пак, УХМР најавува главно сончево време со температури до 26 степени
Денеска нè очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од попладне во северозападните делови од земјата и на дел од планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 13 до 23 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината, според УХМР, ќе има услови за краткотраен дожд. Температурите во Скопје ќе се движат од минимални 6 до максимални 22 степени.
За в недела, пак, УХМР прогнозира главно сончево и до умерено облачно време со слаб ветер од променлив правец. Температурите на вториот ден од викендот ќе достигнат до 26 степени.