Како што информираат од УХМР, наместа врнежите ќе бидат во форма на невреме со интензивен краткотраен дожд, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. За утре синоптичарите најавуваат стабилно и посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападне правец
Денеска времето во земјава во претпладневните часови ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови, како што информираат од Упрвата за хидрометеоролошки работи, се очекува наоблачување почнувајќи од запад кое ќе се зголемува и ќе донесе нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Наместа врнежите ќе бидат во форма на невреме со интензивен краткотраен дожд, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 22 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево и многу топло со засилен југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови облачноста во главниот град ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, во делови од котлината во форма на невреме. Максималната температура во главниот град ќе се искачи до 37 Целзиусови степени.
За утре синоптичарите најавуваат стабилно и посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.