Според утрешната временска прогноза на УХМР, и вториот ден од викендот, односно в недела, нè очекува променливо време со локален дожд во попладневните часови
Денеска во земјава нè очекува променливо време, кое во претпладневните часови ќе биде сончево, а од попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека на места ќе има поинтензивна нестабилност на временските услови во форма на невреме со услови за појава на град.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 15 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 18 до 27 степени.
Промена на времето од сончево во претпладневните часови, во нестабилно со пороен дожд попладне, се очекува и во Скопје. Во делови од котлината попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите во Скопскиот Регион денеска ќе достигнат 26 степени.
Според утрешната временска прогноза на УХМР, и вториот ден од викендот, односно в недела, нè очекува променливо време со локален дожд во попладневните часови.