Имаме и втора опција во близина на таа парцела. Нормално, никогаш не се потпираме само на една опција. Очекувам дека во тој периметар ќе можеме да го заокружиме процесот, а потоа да направиме добар план за конечно да отпочнеме со реализација на таа здравствена инвестиција, рече Мицкоски
Во тек се преговорите за земјиштето каде што Владата најави дека би се градел новиот Клинички центар, а очекувањата на премиерот Христијан Мицкоски се до крајот на летово да бидат заокружени. Со оглед на тоа што станува збор за приватно земјиште, премиерот посочува дека се разгледува и втора опција, но повторно во близина на предвидената локација.
„Да, има разговори. Разговараме со сопственикот на земјиштето уште некое време. Имаме и втора опција во близина на таа парцела. Нормално, никогаш не се потпираме само на една опција. Очекувам дека во тој периметар ќе можеме да го заокружиме процесот, а потоа да направиме добар план за конечно да отпочнеме со реализација на таа здравствена инвестиција“,
кажа Мицкоски.

Премиерот Мицкоски во неколку наврати порача кажа дека новиот клиничкиот центар во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и подземно да се поврзе со Градската болница „8 Септември“. Земјиштето на кое би требало да се гради новиот клинички центар, како што рече Мицкоски, е приватно, а Владата во моментов е во преговори со сопственикот на парцелата. Се преговара да се направи трампа земја за земја, потенцираше премиерот.
