Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринските температури ќе се движат во интервал од 12 до 20 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 30 до 36 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје се очекува слично време, претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 Целзиусови степени.
Според УХМР, до петок нѐ очекува стабилно време со слаб до умерен јужен ветер и пораст на температурата. Во сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи. Синоптичарите за првиот ден од претстојниот викенд најавуваат засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика пад на температурата.