„Повреденото лице веднаш е пренесено во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје за укажување на медицинска помош“, велат од МВР
Во престрелка што денеска се случи на влезот во скопското село Моране е повредено едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Денеска во 15:15 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје е пријавено дека на влез во селото Морано, скопско е пукано со огнено оружје при што едно лице се здоби со повреди. Пренесено е во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје за укажување на помош“,
се вели во соопштението на полицијата.
Полициски службени од СВР Скопје, информираат од МВР, се наоѓаат на местото на настанот и преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.