Денес истече рокот што го постави МОН за доставување сугестии и забелешки за унапредување на нацрт – верзијата на концептот за реформа на основното образование
Бројни се истражувањата кои научно докажуваат дека правилно водени музички активности од најрана возраст на детето директно придонесуваат за неговиот сестра развој, велат од Здружението на музички педагози како реакција на новата концепција за основно образование.
Анализирајќи ја најавената концепација тие велат дека се загрижени и не се согласуваат со предлогот за вакви реформи во основното образование. Додаваат дека музиката претставува белег од огромно значење на националниот и културниот идентитет.
„Во ситуација кога звучниот простор е преплавен со музички појави со ниско естетско и етичко ниво, часовите по музичко образование, по изборните предмети од областа на музиката, како и учеството во хорот и оркестарот за голем број ученици претставуваат единствено место каде што тие можат да се запознаат со трајни вредности на домашната и светската музичка култура во сите музички жанрови, како и на изворниот фолклор на својата и другите етнички заедници“,
реагираат од Здружението.
Според нив, сите релевантни институции од областа на музичката уметност изразија загриженост и несогласување со предлог концептот за основно образование. Тие испратиле и писмо со нивните заклучоци адресирано до Министерството за образование и наука, но, како што информираат, не добиле повратен одговор.
Музичките педагози се приклучија кон мноштвото реакции во експертската, но и во политичката јавност на новата концепција на настава во основното образование што ја најави Владата.
Денес, практично, истече рокот што го постави Министерството за образование за доставување сугестии и забелешки за унапредување на нацрт – верзијата на концептот за реформа на основното образование.