Веста за позитивниот тест за ковид-19 на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски доаѓа еден ден по средбата на владини претставници со Општинскиот кризен штаб.
*поврзана вест Градоначалникот на Куманово е позитивен на ковид-19
На вчерашната средба во Куманово, Општината информираше дека присуствувале премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование Арбер Адеми.

На прес-конференцијата за медиумите не можеше да се забележи присуството на министерот Филипче. Но, по таа средба, од Владата информираа дека владините претставници биле на средби и со директорот на Општата болница во Куманово, на Центарот за јавно здравје и на Здравствениот дом, на кои бил и Филипче.
По позитивните резултати на Димитриевски, се очекува да бидат одредени мерки за самоизолација на оние што биле во контакт со него, според воспоставената пракса и протоколите за спречување на ширењето на вирусот.
По тој принцип, во домашна самоизолација беа испратени партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски, откако беа во контакт со заболено лице – новинар од Канал 5.