Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, е позитивен на новиот коронавирус, јавија сараевски медиуми.
Новалиќ ги почувствувал првите симптоми на неодамнешниот мировен марш, по повод одбележувањето на 25-годишнината од масакрот во Сребреница.
Според медиумите, тој денеска има треска и болки во мускулите.
На почетокот на епидемијата Новалиќ стана вест кога на прес-конференција се мачеше да ја постави заштитната маска при што видеото се споделуваше на социјалните мрежи.
На крајот на мај, тој беше приведен како осомничен за аферата со набавка на респиратори од Кина за 5,3 милиони евра, од фирма која е регистрирана за увоз на зеленчук и овошје, и кои се неупотребливи на одделенијата за интензивна нега.