Преговорите на Северна Македонија со ЕУ, рекол Пендаровски на средбата, ќе бидат придобивка за просперитетот и стабилноста на целиот регион, а тоа ќе влијае и на соработката во економијата, трговската размена, инфраструктурното поврзување и соработката во образованието, здравството и културата

Потребно е да се врати довербата помеѓу владите Северна Македонија и Бугарија и тоа ќе придонесе за засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања, порачал претседателот Стево Пендаровски на средбата во Вила Водно со бугарскиот премиер Кирил Петков.
„Надминувањето на меѓусебните недоразбирања е важно за непречено одвивање на македонските евроинтеграциски процеси, како и за неутрализирање на растечкиот евроскептицизам и негативните тенденции во регионот. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија во духот на добрососедството и почитување на принципот на еднаквост меѓу двете страни, има силна политичка волја да го продолжи дијалогот, со цел изнаоѓање на компромисно решение за отворените прашања“,
соопштија од кабинетот на Пендаровски по средбата.
Преговорите на Северна Македонија со ЕУ, рекол Пендаровски на средбата, ќе бидат придобивка за просперитетот и стабилноста на целиот регион, а тоа ќе влијае и на соработката во економијата, трговската размена, инфраструктурното поврзување и соработката во образованието, здравството и културата.
„Претседателот изрази поддршка за започнатиот дијалог меѓу двете влади, изнесените конкретни предлози, како и намерите за интензивирање на разговорите во наредниот период со цел постигнување мерливи резултати во интерес на граѓаните“,
велат од неговиот кабинет.
Вести од денешната посета на Кирил Петков во Скопје:
(ВИДЕО) Бугарскиот премиер Петкoв пречекан пред Владата со највисоки државни почести
Голем оптимист сум, верувам дека ќе имаме резултати секоја недела, вели бугарскиот премиер