Според прогнозите, утре ќе има преодно стабилизирање на времето во текот на денот, но во ноќните часови нè очекува нов бран врнежи кои во понеделникот ќе станат пообилни
Променливо облачно време со врнежи од дожд, а снег на планините и повисоки места особено во претпладневните часови нè очекува во текот на денешниот ден.
Наутро и во пониските места во западните делови на земјата врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, а во текот на денот ќе дува слаб и умерен ветер. Долж Повардарието, пак, ветрот ќе се засили од јужен и југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 12 Целзиусови степени.
И во Скопје ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд у умерен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.
За утре, пак, од УХМР најавуваат преодно стабилизирање на времето во текот на денот, но во ноќните часови ќе има нов бран врнежи од дожд на пониските и од снег на повисоки места. Врнежите ќе станат пообилни во понеделникот.