За да се изгласа владата, потребни се 50 проценти, плус еден од присутните во пленарната сала. Со пријавени 228 пратеници, кворумот е 114, што, како што пишуваат софиските медиуми, значи дека кабинетот ги има сите шанси да биде изгласан
Пратениците од бугарското Народно собрание денеска ќе гласаат за предлог-кандидатурата на Николај Габровски за премиер на државата и владата предложена од него. Денеска ќе стане јасно дали ќе има редовна влада со првиот мандат на најголемата пратеничка група ГЕРБ-СДС, објави БНТ.
Работата на бугарскиот парламент почна со 12 пратеници помалку, но иако во собраниската сала се пријавени 228 пратеници, обезбеден е потребниот кворум за гласање на владата.
За да се изгласа владата, потребни се 50 проценти, плус еден од присутните во пленарната сала. Со пријавени 228 пратеници, кворумот е 114, што, како што пишуваат софиските медиуми, значи дека кабинетот ги има сите шанси да биде изгласан.
Целта е оваа влада е да ја води државата низ кризата.
Според јасно искажаните изјави, против тоа цврсто стојат четири партии – Продолжуваме со промените, Демократска Бугарија, БСП и Преродба.
Продолжуваме со промените најавија дека нема да го поддржат предлог-кабинетот на Габровски, а при влегувањето во парламентот пратеникот Настимир Ананиев најави дека на нивна страна има 53 сигурни гласа „против“. Георги Свиленски од БСП, исто така, рече дека социјалистите имаат 24 народни пратеници и тоа се 24 гласа „против“ предложениот кабинет од Габровски.
Јордан Цонев од ДПС истакна дека најверојатно ќе го поддржат кабинетот на Габровски, но со компромиси.
„Мора да направиме се за да имаме функционална влада“,
изјави тој и додаде дека рејтингот на Собранието секојдневно паѓа.
Лидерот на Преродба, пак, Костадин Костадинов изјави дека сите народни претставници на партијата ќе бидат во салата и истакна дека предвремените избори се добра работа.
На средбата со предлог-кандидатот за премиер, Николај Габровски, минатата недела, лидерот на левицата Корнелија Нинова рече дека го почитуваат, но нема да поддржат кабинет предложен од него.
Не е јасно како денеска ќе гласаат од „Бугарски подем“.
ГЕРБ победи на предвремените избори на 2 октомври, четврти во последните 18 месеци, но досега не успеа да обезбеди мнозинска поддршка за влада што ќе ја предводи Габровски.