Со 68 гласа „за“ и ниту еден глас против пратениците ги усвоија заколучоците за Информацијата за Предлог-преговарачката рамка со Европската Унија кои до претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги доставија координаторите на пратеничките групи на СДСМ и ДУИ, Јован Митревски и Арбр Адеми. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата пред гласањето.
Расправата и денеска помина во тензична атмосфера, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со вувузели и свирчиња ги саботираа репликите на пратениците од владејачкото мнозинство.
По гласањето пратениците од владејачкото мнозинство заедно со претставниците од Владата дадоа стоечки аплауз, а ги развеаја и македонското знаме и знамето на Европската Унија.