Бугарските пратениците од партијата Волја, Веселин Марешки и Кристина Таскова, во парламентот се појавија со заштитна облека, а пратениците од Бугарската социјалистичка партија побараа нивно отстранување со образложение дека дополнително ја влошуваат ситуацијата.
Марешки истакна дека сите бугарски пратеници треба да преземат мерки против новиот коронавирус, со цел да се заштитат себеси, своите блиски и бугарскиот народ.
Тој додаде дека бугарскиот парламент не смее да се претвори во центар на заразата.
„Се преземаат сите санитарни мерки, сите пратеници се со маски, а говорницата постојано се чисти. Правиме тоа што можеме, но не можеме да ја запреме работата на бугарскиот парламент“,
изјави претседателката на законодавниот дом Цвета Карајанчева.