Би-би-си пишува дека има поделба меѓу министрите во владата на британскиот премиер Кир Стармер околу прашањето дали веруваат во продолжување на неговата премиерска функција. Меѓу министрите кои го повикале британскиот премиер да си поднесе оставка, наводно, е и министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд
Британскиот премиер Кир Стармер, чија Лабуристичка партија помина многу лошо на минатонеделните локални избори, се соочува со барање од 70 пратеници од неговата партија да си поднесе оставка, пишува Би-би-си.

Пратениците бараат Стармер или веднаш да поднесе оставка или да постави рок кога ќе замине од функцијата.
Во меѓувреме, четворица помошници на министерствата во владата на Стармер поднесоа оставка и го повикаа британскиот премиер да ја напушти функцијата, сметајќи дека тој не треба да ги предводи Лабуристите на следните национални избори закажани за 2029 година.
Би-би-си пишува дека има поделба меѓу министрите во владата на Стармер околу прашањето дали веруваат во продолжување на неговата работа како премиер. Меѓу министрите кои го повикале британскиот премиер да си поднесе оставка, наводно, е и министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд.
Британскиот премиер претходно порача дека нема да се повлече и ќе продолжи да се бори и покрај повиците да поднесе оставка, кои уследија откако владејачката Лабуристичка партија го претрпе најлошиот пораз на локалните избори во повеќе од три децении.
