Од 19:50 часот започнал пожар на дива депонија над ресторанот „Дарданија“ во Општина Боговиње. Во гаснењето на пожарот интервенирале три пожарникари со едно ПП возило и еден ренџер од Националниот парк „Шар Планина“
Два поголеми пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, соопшти Центарот за управување со кризи. Според информациите од ЦУК, гореле диви депонии во општините Желино и Боговиње.
Регионалниот ЦУК Тетово известува дека во периодот од 18 до 19:30 часот тројца пожарникари од Тетово интервенирале со едно противпожарно возило на запалена дива депонија во атар на с. Церово, Општина Желино.
„Од 19:50 часот започнал пожар на дива депонија над ресторанот ‘Дарданија’ во Општина Боговиње. Во гаснењето на пожарот интервенирале три пожарникари со едно ПП возило и еден ренџер од Националниот парк „Шар Планина“. Според последните информации, пожарот бил локализиран“,
информира ЦУК.
ЦУК апелира за внимателност поради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.
Сите итни случаи се пријавуваат на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките за превенција, а и за реагирање при итни случаи.