Скопската противпожарната бригада интевенирала со девет противпожарни возила и 25 пожарникари
Две бараки на улицата „Брако Заревски“ во населбата Драчево во Општина Кисела Вода денеска доцна попладне биле зафатени од пожар, кој по интервенцијата на скопската противпожарна бригада вечерва е локализиран.

Во пожарот, како што информира командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје Звонко Томевски, нема настрадани или повредени лица, но причинета е материјална штета.
„Нема повредени во пожарат, а причинета е материјална штета. Се работи на расчитување на теренот“,
изјавил Томевски за МИА.
Противпожарната бригада интевенирала со девет противпожарни возила и 25 пожарникари.
Претходно од Центрот за управување со кризи информираа дека пожарот избувнал околу 17:25 часот на кровна конструкција од барака на улицата во Драчево и се проширил на други бараки.