Командантот на тетовските пожарникари, Авни Амети информира дека пожарот избувнал во куќа во која никој не живеел и била напуштена. Во пожарот нема повредени лица
Четири часа им биле потребни на тетовските пожарникари да го изгаснат пожарот што синоќа избувнал во напуштена куќа на улицата „Тодор Ципоски-Мерџан“ во близина на Саат џамија во Тетово.
Командантот на тетовските пожарникари, Авни Амети информира дека пожарот избувнал во куќа во која никој не живеел и била напуштена. Во пожарот нема повредени лица.
„Од наша страна е интервенирано по пријава во 02:55 часот, целосно завршено беше гаснењето во 06.50 часот“,
вели Амети.
Во гаснењето на пожарот учествувале 12 пожарникари со четири возила.