Во близина на траектот како мерка на претпазливост има седум бродови и три хеликоптери
На траект со речиси 300 луѓе кој патувал од Шведска за Летонија избувна пожар, кој брзо е изгаснат, а нема информации за повредени.
Пожарот избил на камион ладилник, а властите велат дека бил „ограничен“. Инцидентот се случил кога траектот бил северно од шведскиот остров Готланд во Балтичкото Море.
Никој не е евакуиран, а еден од присутните изјавил дека патниците се собрале на горната палуба за можна евакуација.
Шведската фериботска компанија „Стена Лајн“ објави дека на бродот имало 241 патник и 58 членови на екипажот.
Фериботот со своите патници ќе биде влечен до шведското пристаниште Нинашамн, соопштија властите.
Во близина на траектот како мерка на претпазливост има седум бродови и три хеликоптери.