Во изјава за „360 степени“, командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, рече дека пожарот избил на плац со расходувани возила веднаш зад психијатриската болница во Бардовци, како и дека се опожарени пет автомобили. Додаде дека нема повредени ниту опасност за околните објекти
Пожар изби попладнево на плац со стари возила во скопско Бардовци, информираат од Противпожарната бригада на Град Скопје.

Во изјава за „360 степени“, командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, вели дека пожарот е веќе изгаснат и екипите се враќаат во централата.
„Се запали плац со расходувани возила веднаш зад психијатриската болница во скопско Бардовци. Опожарени се пет автомобили. Нема повредени ниту опасност за околните објекти“,
рече тој.
На терен интервенирале четири противпожарни возила, како и 10 пожарникари.