Од УЈП информираат дека активностите околу надградба на системите успешно се завршени
Дел од системите на Управата за јавни приходи (УЈП), како е-ПДД, е-Даночни услуги и „Мој ДДВ“ повторно се во функција.
Ова денеска го информираат од УЈП, посочувајќи дека активностите околу надградба на системите успешно се завршени.
„Даночните обврзници може да продолжат со користење на услугите преку овие системи што ги ниди Управата. Благодарност до сите граѓани и даночни обврзници за разбирањето“,
се вели во соопштеението на УЈП.