Родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава

Момче од Македонија, кое се здобило со сериозни повреди во Турција, ќе биде вратено во земјава со владиниот авион, потврдиja за „360 Степени“ од Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и од Министерството за здравство.
Лицето кое, како што јавуваат повеќе медиуми, паднало од тобоган и има скршен вратен пршлен било хоспитализирано во Турција, но поради сериозноста на повредите не може да се врати со комерцијален лет или со возило.
Денеска се вршат последните подготовки за летот што треба да се реализира утре откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава.
Од СОЗР велат дека летот ќе се реализира во координација со Министерството за здравство и Фондот за здравство, по претходна дозвола од здравствените власти во Турција дека пациентот може да се транспортира со овој авион.
