Како што беше претходно нагласено во препораката, од Босна и Херцеговина се бара да работи на реформите, како и да ги исполни 14-те приоритети на Европската комисија, кои Босна и Херцеговина ги доби во 2019 година, меѓу кои, зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал и управувањето со миграцијата
Откако министрите за европски прашања во вторникот им препорачаа на лидерите на земјите членки на ЕУ, Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус, членовите на Европскиот совет на денешната седница ја потврдија таа одлука. Со ова, БиХ официјално доби статус на кандидат за членство во Европската Унија и им се придружи на другите земји кандидати од регионот, меѓу кои и Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.
Како што беше претходно нагласено во препораката, од Босна и Херцеговина се бара да работи на реформите, како и да ги исполни 14-те приоритети на Европската комисија, кои Босна и Херцеговина ги доби во 2019 година.
„Ова вклучува мерки за зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал и управувањето со миграцијата. Реформските приоритети главно се однесуваат на 14-те приоритети презентирани од Европската комисија во 2019 година“,
се наведува во одлуката на Европскиот совет.
Бројни европски претставници упатија честитки за „историската одлука“ на Европскиот совет да ѝ додели на Босна и Херцеговина статус на кандидат за членство во ЕУ.
Меѓу првите кои упатија честитки беше и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји.
„Ја поздравувам одлуката на Европскиот совет да ѝ додели на Босна и Херцеговина статус на кандидат за членство во ЕУ. Ова е историска одлука! Иднината на БиХ е во ЕУ!“,
напиша Вархеји на Твитер.
I welcome the decision of the European Council @EUCouncil to grant #EU 🇪🇺candidate status to #Bosnia and #Herzegovina 🇧🇦
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) December 15, 2022
This is a historical decision!
BiH’s future lies in the EU!
БиХ е потенцијален кандидат за членство во Унијата од 2003 година, а официјалното барање за членство го поднесе во февруари 2016 година.
Во октомври годинава, Европската комисија препорача земјите членки да ѝ дадат кандидатски статус на БиХ, земјата со три и пол милиони жители, зафатена од сиромаштија и политичка нестабилност.