Поминаа повеќе од 12 часа, но ќе продолжиме да бараме. Екипите за пребарување работеа во текот на ноќта за да пронајдат преживеани, а операцијата продолжува и денеска, информираат од морнарицата
Бродови и хеликоптери трагаат по десетици морнари откако тајландски воен брод потона синоќа во Тајландскиот залив.
Властите соопштија дека спасиле 75 членови на екипажот, но 31 се уште се водат како исчезнати во разбрануваното море.
„Поминаа повеќе од 12 часа, но ќе продолжиме да бараме. Екипите за пребарување работеа во текот на ноќта за да пронајдат преживеани, а операцијата продолжува и денеска“,
изјави портпаролот на морнарицата за Би-би-си.
Од таму најавија и истрага за причините за катастрофата.
„Ова речиси никогаш не се случило во историјата на нашите сили, особено на брод што сè уште е во активна употреба“,
изјави портпаролот адмирал Погкронг Монтарпалин за Би-би-си.
Силните ветрови ја поплавиле корветата ХТМС „Сухотаи“ и предизвикале прекин на електричната енергија.
Кралската тајландска морнарица испрати три фрегати и два хеликоптера со мобилни пумпи за да се обиде да ја испумпува водата од бродот.
Поради силните ветрови и прекинот на струјата, во бродот навлегла голема количина вода, поради што тој потонал.
Несреќата се случила во момент кога бродот извршувал патролна мисија во морето на 32 километри од брегот.