МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска, поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Почнувајќи од 17.00 часот, па сѐ до завршување на протестот за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници: бул. „Партизански одреди“ со бул. „ВМРО“ во правец кон Карпош, бул. „Партизански одреди“ со ул.„Франлкин Рузвелт“ во правец кон Центар, бул. „Илинден“ со бул. „Св.Климент Охридски“ во правец кон Соборниот храм и бул. „Св.Климент Охридски“ со ул. „Димитрије Чупоски“ во правец кон Соборниот храм.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.
Под мотото „Имаме должност“, Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска излегува на најавениот сенароден собир во знак на протест против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција за кои вели дека се сериозна закана за општеството.
Собирот ќе почне во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Неколку часа пред попладневниот протест на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), епископот Јаков Стобиски, преку видеообраќање ги повика оние што ќе бидат дел од протестот да останат смирени и да не потпаѓаат на провокации од организации и луѓе кои, како што вели, перманентно и систематски го поткопуваат нашето општество и вредносен систем.
