Единствено што ќе биде потребен е дигитален ковид-сертификат и тоа за ноќни клубови и големи културни или спортски настани
Се укинуваат ограничувања за бројот на луѓе на кои им е дозволено да седат заедно во ресторани и кафулиња, или да присуствуваат на културни настани, свадби и крштевки
Португалија ќе ги укине скоро сите преостанати ограничувања за коронавирусот од 1 октомври, и со тоа ќе им овозможи на рестораните и културните институции да примаат максимален број посетители, изјави денеска премиерот Антонио Коста.
„Бидејќи се укинуваат повеќето рестриктивни мерки наметнати со закон, ќе влеземе во фаза кога се ќе зависи од нашата одговорност“,
рече премиерот Коста на прес -конференција, додавајќи дека не смее да се заборави дека пандемијата не е завршена.
Тој, исто така, истакна дека не смеесе да заборави дека пандемијата не е завршена.
Меѓу ретките мерки против коронавирусот што останаа на сила се задолжителното носење маски во јавниот превоз, на големи настани, во старечки домови, болници, трговски центри и хипермаркети.
До минатата недела во Португалија беа задолжителни маски и на отворено.
Со оглед на тоа што Португалија објави дека целосно се вакцинирани повеќе од 8,5 милиони луѓе, или 83,4 проценти од населението, ноќните клубови и барови ќе можат да се отворат.
Сепак, посетителите ќе треба да покажат дигитален сертификат за вакцинација или негативен тест за коронавирус.
Од 1 октомври, повеќе нема да има ограничувања за бројот на луѓе на кои им е дозволено да седат заедно во ресторани и кафулиња, или да присуствуваат на културни настани, свадби и крштевки.
Дигитални сертификати или негативни тестови повеќе нема да бидат потребни во хотели и спортски сали, но сепак ќе бидат потребни за да се присуствува на големи културни или спортски настани, рече Коста.