Според британските закони, Бекер се „квалификува“ за автоматска депортација како странски државјанин кој нема британско државјанство и бил осуден на затворска казна подолга од 12 месеци
Поранешниот светски рекет број еден и германската тениска легенда, Борис Бекер (55), е ослободен од затвор во Велика Британија.
Неговото ослободување од затвор следува откако одлежа осум месеци од затворската казна на која беше осуден поради криење имот и заемни во Велика Британија во вредност од 2,5 милиони фунти.
Тој во април беше осуден на 2,5 години затвор, а по денешното ослободување веројатно ќе се соочи со депортација.
Според британските закони, како што објаснуваат медиумите од Лондон, Бекер се „квалификува“ за автоматска депортација како странски државјанин кој нема британско државјанство и бил осуден на затворска казна подолга од 12 месеци.
За време на 15-годишната кариера Бекер е шесткратен победник на Грен слем, двократен победник на Дејвис купот и олимписки шампион во двојки во 1992 година. Од активното играње тенис се повлече во 199 година, а во Велика Британија живееше од 2012 година. Од 2017 година почна да работи како експерт на ТВ каналот Еуроспорт.