Јоргос Катругалос во интервју за МИА изразува надеж дека лидерите во Бугарија ќе ја покажат истата смелост и храброст што ја покажаа лидерите на Грција и Северна Македонија за справување со нивните проблеми
Се надевам дека лидерите во Бугарија ќе ја покажат истата смелост и храброст што ја покажаа лидерите на Грција и Северна Македонија за справување со нивните проблеми, вели поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега пратеник од СИРИЗА надлежен за надворешна политика Јоргос Катругалос во интервју за МИА.

„Историјата треба да биде училиште, а не затвор. Пред сè, да Ви кажам дека целосно ја сфаќам големата тага- да употребам умерен израз- на народот на Северна Македонија, што по толку обиди, како што вели една наша поговорка, ‘иако стигна до изворот да се напие вода, не може да се напие’. И да потсетам дека обврските за добрососедските односи ги сносат секако земјите кандидати, но ги сносат и самите земји членки на Европската Унија. И пред Договорот од Преспа беа направени обиди за приближување меѓу Северна Македонија и Бугарија за тежината на историјата што ја носиме сите на Балканот. Се чинеше дека работите се позитивни“,
вели тој на прашањето за односите Скопје-Софија и бугарското вето.
Коментирајќи ги идеите за промена на границите на Балканот, Катругалос вели дека тоа се многу опасно.
„Балканот и понатаму е буре барут во Европа со жаришта што се познати. Како што кажав и претходно постојат фанатични национализми, но не во нашата земја, не во вашата земја“,
вели поранешниот шеф на грчката дипломатија.