Кај осомничените биле пронајдени 85,31 грама марихуана, спакувана во пет помали кеси. Се смета дека ја држеле за неовластена продажба. Во станот биле пронајдени и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога
Во стан на булеварот „Партизански одреди” во Скопје полицијата уапсила две лица на возраст од 25 и 26 години бидејќи кај нив пронашла 85,31 грама марихуана, спакувана во пет помали кеси. Дрогата била наменета за неовластена продажба. Исто така, кај првоосомничениот и неговата 26 годишна соизвршителка биле пронајдени и евра и денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.
Според скопското обвинителство, кое отвори истражна постапка, ги сомничи како соизвршители во извршување кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, а во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот кој и претходно бил осудуван за исто дело, како и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничената.