Намалувањето на производството во дел од хидроелектраните нема да влијае на снабдувањето со електрична енергија и ќе се дополни преку останатите производни капацитети, уверуваат од ЕСМ
Државната компанија ЕСМ соопшти дека хидроцентралата „Св. Петка“ е исклучена, додека во ХЕЦ ’Козјак‘ е оставен да работи само еден агрегатор.
Ова доаѓа по зголеменото ниво на реката Вардар и потребата тоа да се намали за да не дојде до поголемо излевање.
„По информацијата за покаченото ниво на реката Вардар, во координација со ЦУК, од страна на АД ЕСМ е пристапено кон промена на режимот на работа на хидроелектраните во склоп на хидросистемот ’Треска‘. Намалено е производството на електрична енергија од хидроелектраната ’Козјак‘, каде е оставен во функција само еден агрегат, додека хидроелектраната ’Св. Петка‘ е надвор од употреба. Не работи и хидроелектраната Матка која е во сопственост на ЕВН“,
информираа вечерва од АД ЕСМ.
Оттаму додаваат дека намалувањето на производството во дел од хидроелектраните нема да влијае на снабдувањето со електрична енергија и ќе се дополни преку останатите производни капацитети.
„Во текот на ноќта се очекува стабилизирање на дотоците“,
велат од ЕСМ.
Претходно, Центарот за управување со кризи побара да се намали истекот на Матка и Козјак бидејќи во Зелениково веќе има излевање на реката кое зафатило 15 до 20 метри од нивните.