Несреќата се случила кај местото викано „Тајмишка раскрсница“ и од 15 часот сообраќајот на овој патен правец е во прекин во двете насоки
Сообраќајна несреќа на патниот правец Кичево-Гостивар предизвика прекин во нормалното движењето на возилата, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Несреќата се случила кај местото викано „Тајмишка раскрсница“ и од 15 часот сообраќајот на овој патен правец се одвива наизменично по една коловозна лента.
Од ЈП „Македонија пат“ очекуваат брза нормализација на сообраќајот.
Од АМСМ, како и од „Македонија пат“, велат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон: 02 25 61 502