Засега нема планови Мишел да го покрене прашањето за протестите на средбата со Си, брифираат претставници на ЕУ за ова прашање
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел треба да отпатува во Кина на разговори со претседателот Си Ѓинпинг како дел од напорите за зајакнување на врските меѓу Брисел и Пекинг. Сепак, посетата доаѓа во чувствително време, со протести во кинеските градови против политиката на заклучување „нулта ковид“ на Си.
Така, пишува „Политико“, патувањето на кое Мишел очајно сакаше да оди, се претвора во „кошмар“.
Доколку не го откаже патувањето, Мишел ќе мора да ги прекори Си и другите кинески официјални претставници кога ќе се сретнат на 1 декември, изјавија претставници на ЕУ, политичари и дипломати кои разговараа за бриселскиот портал.
Демонстрациите против заклучувањето поради ковид ескалираа во најголема закана за кинеската држава во повеќе од 30 години и Мишел е под зголемен притисок да ја преиспита својата мисија.
„Тој (Мишел) треба да ја искористи можноста да ја изрази нашата загриженост за неколку прашања“,
рече Рајнхард Бутикофер, претседател на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Кина.
Како што додаде, доколку дојде до задушување на протестите, ЕУ е подготвена да го претстави пред меѓународните институции и да размисли за санкции.
Еден дипломат на ЕУ рече дека Мишел треба да остане цврст на вредностите на ЕУ и да ѝ каже на Кина дека мора да ги прекине мирните протести. Друг дипломат на ЕУ истакна дека претседателот на Европскиот совет не смее да биде нежен со Пекинг.
Засега нема планови Мишел да го покрене прашањето за протестите на средбата со Си, брифираат претставници на ЕУ за ова прашање.
Претседателот на Европскиот совет најверојатно ќе зборува без да навлегува во детали за грижите за човековите права и ќе понуди европска помош во борбата против пандемијата, иако Кина одбива да увезува западни вакцини.
Уште пред последниот развој на настаните, советниците на Мишел очекуваа потенцијално тешки разговори со Си, со оглед на спорните прашања за односите на Пекинг со Русија, Тајван и положбата на малцинствата.
Неговата задача дополнително се усложнува поради фактот што владите на ЕУ не се договорија за најдобриот пристап кон Кина.
Протестите во Кина, кои ескалираа во последните денови, би можеле да ги принудат Европејците да направат избор, пишува Политико, додавајќи дека Мишел, без разлика што ќе се случи, ќе остане запаметен како првиот западен лидер што ја посетил Кина по најголемото изразување на јавното незадоволство од масакрот на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.