Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.
Ова го потврдуваат и од владината прес-служба од каде велат дека премиерот Заев е во постојана комуникација со градоначалниците и надлежните институции.
Инаку, шумски пожари беснеат на десетина локации низ Македонија. Според надлежните служби, пожари има во Ранковце каде се изгорени и куќи, борова шума гори во Делчево и во Пехчево, пожар има и во села во Македонски Брод, во Општина Липково, како и кај локалитетот Кокино во кумановско Старо Нагоричане. Како можни причини за избувнувањето на божарите, надлежните ги наведуваат топлото време и човечкиот фактор.