Речиси 900 000 работници во Шпанија останале без работа од 12 март досега, кога во земјата се воведени мерки против ширење на новиот коронавирус, вклучувајќи ја и забраната за движење.
Статистичките податоци покажуваат дека вкупно 898 822 работници ги загубиле работните места од 12 март досега, при што повеќе од половина од отпуштените биле работници на определено време.
Во Шпанија минатиот месец бројот на невработени се зголеми на 3,5 милиони, што е најголем број од април 2017 година досега.