Секоја вијала од вакцината на „Фајзер“ содржи количина за шест инјекции, но само специјални шприцови можат да ја извадат целосно. Со обичен шприц, пак, може да се извлечат само пет дози од вакцината
Лекарите во Јапонија ќе треба да фрлат дел од вакцините против коронавирусот од американската фармацевтска компанија „Фајзер“ поради недостиг на специјални шприцови, соопшти денеска генералниот секретар на јапонската влада, Кацунобу Като.
Тој вели дека Токио во моментов преговара со неколку производители на вакви специјални шприцови и додава дека воопшто не е лесно да се купи точна количина, а воедно и нема толку многу во светот.
Секоја вијала од вакцината на „Фајзер“ содржи количина за шест инјекции, но само специјални шприцови можат да ја извадат целосно. Со обичен шприц, пак, може да се извлечат само пет дози од вакцината.
„Останатиот дел од содржината на ампулите ќе треба да се фрли“,
признава генералниот секретар на кабинетот.
Поради тоа, со веќе нарачаната серија вакцини од „Фајзер“ ќе можат да се вакцинираат околу 60 милиони луѓе, наместо првично планираните 72 милиони.
Вакцинацијата ќе почне утре.