Поради појава на магла, намалена е видливоста на повеќе патни правци во земјава, информираат од ЈП „Македонија пат“ и од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), од каде што додаваат дека сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
„Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Охрид – Ресен, Охрид – Струга, Македонски Брод – Кичево и на планинскиот превој Плетвар. На патните правци Штип – Струмица и Штип – Неготино, како и на патот Тетово – Скопје, додека на патните правци Велес – Катланово, Катланово – Велес и Светин Николе – Куманово видливоста е од 100 до 150 метри“,
стои во соопштението.
Од АМСМ дополнуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Оттаму апелираат на внимателно возење и приспособување на брзината спрема условите на патот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премин, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ.