Планот треба да стапи во сила во јули 2021 година
Поради тешкотии во работењето, американската марка за облека „Гап“ најави затворање на 120 продавници во Европа.
Парискиот весник „Монд“, како што пренесува МИА, ќе ги затвори своите продавници во Франција, Италија, Велика Британија или речиси 120 продажни места, со што ќе се заштедат околу 90 милиони долари годишно.
Планот треба да стапи во сила во јули 2021 година.
Како причина се наведува ковид-кризата и различните рестриктивни мерки ширум светот, кои ја ставија групацијата во тешка ситуација.
За да се справи со финансиските тешкотии, брендот за облека веќе го намали бројот на продавниците во Европа, особено во Франција, каде што групацијата минатата година објави затворање на 8 од своите 28 продавници.
Во вториот квартал, „Гап“ пријави загуби од 62 милиони евра.