Од Јавното обвинителство велат дека двајца скопјани на возраст од 22 години добија кривични пријави, а надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети
Двајца скопјани на возраст од 22 години добија кривични пријави за напад на едно лице во парк-шумата во Гази Баба, кое наводно им должело 150 евра. Тие против негова волја го однеле во парк-шумата Гази Баба, го соблекле и му ги запалиле облеката и личните работи, а потоа присилно извршиле и други полови дејствија кон него. Ова денеска гo соопштија од Јавното обвинителство, посочувајќи дека по спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднел обвинителен акт.

„По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против двајца 22-годишни скопјани за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 5 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик“,
се вели во соопштението од обвинителството.
Оттаму велат дека со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.
„На 2 декември, обвинетите на свиреп начин му ја одзеле и ограничиле слободата на движење на едно лице кое наводно им должело 150 евра, така што против негова волја го однеле во парк-шумата Гази Баба, го соблекле и му ја запалиле облеката и личните работи, а потоа присилно извршиле и други полови дејствија кон него“,
пишува во соопштението.