Стартот е на ул.„Беласица“ пред ТЦ Ист Гејт Мол
Утре во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. Како што соопштија од МВР утре од 8 часот, во организација на атлетски клуб „Korrunners“, ќе се одржи атлетска улична трка „Колорран 2022“.
Трката ќе се одвива по следнава траса: старт на ул.„Беласица“ пред ТЦ Ист Гејт Мол, десно по бул.„Гоце Делчев“ (десна коловозна лента), лево по бул.„Крсте Петков Мисирков“ (десна коловозна лента), лево по кеј „Димитар Влахов“, при што трасата на одвивање на трката ќе се подели на два дела едната траса со движење по велосипедско – рекреативната патека на кејот на реката Вардар до река Серава и назад по истата траса до стартно-целната позиција и втората траса со продолжување по кејот „Димитар Влахов“, покрај зградата на МРТ, право по бул.„Гоце Делчев“, лево по ул.„Беласица“ до стартно-целната позиција.