Гласањето на избирачкото место, според претседателот на Општинската изборна комисија во Тетово, не било почнато до 8:15 часот, а за тоа како ќе продолжи се чека решение од Државната изборна комисија (ДИК)
Поради нефунцкионалност на апаратот за идентификација не е почнато навремено гласањето на едно избирачко место во Тетово, информира Општинаската изборна комисија.

Инаку, на територијата на оваа општина се гласа на вкупно 74 избирачки места.
Според информациите на претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) во Тетово, Зулќуфли Реџепи, што ја пренесува државната новинска агенција МИА, гласањето на едно од избирачките места не било почнато до 8:15 часот.
Избирачките места се отвораат во 7 часот, a гласањето трае до 19 часот.
За тоа како ќе продолжи, тој вели дека случајот е пријавен и оти чека решение од Држaвната изборна комисија (ДИК).
Во општина Тетово за избор на шеф на државата во вториот круг можат да гласаат 86 405 граѓани граѓани, додека за парламентарните избори право на глас имаат 86 550 избирачи.
Од овие бројки вчера правото на гласа во оваа општина може да го искористат 54 затвореници, како и 181 избирач, пријавени како болни и немоќни лица.