Најмалку седум лица загинаа во поплавите што го зафатија главниот град на Јужна Кореја, Сеул. Според податоци од локалните власти, петмина од жртвите се во Сеул, а уште две во соседната провинција Геонги, објави Централниот штаб за спречување катастрофи и преземање безбедносни контрамерки.
Во јужниот дел на Сеул синоќа наврнале повеќе од 100 мм дожд на час, додека во некои делови од градот паднале 141,5 мм, што е најмногу дожд во последните 80 години, објавија локалните медиуми, цитирајќи ја Корејската метеоролошка служба (КМА).
Најмалку девет лица во тие области се повредени, додека шест се водат како исчезнати.
Штабот го помести алармот на највисоко ниво и побара од јавните и приватните организации да го прилагодат работното време.
КМА издаде предупредувања за поројни дождови во главниот град и градското подрачје, како и во делови од провинциите Гангвон и Чунгчеонг.
Таквите предупредувања се издаваат кога се предвидува дека врнежите ќе надминат 60 мм во период од три часа или 110 мм за 12 часа. КМА очекува обилните врнежи од дожд во централниот дел на земјата да продолжат и во следните денови.