Од 1 јули е укинат роамингот меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина, што значи дека цената на услугите за СМС-пораки и телефонски повици е иста како дома
Пониски цени на роаминг меѓу Западен Балкан и Европската унија и широкопојасен интернет за 95 отсто од домаќинствата до 2024 година се цели кои ќе се дискутираат за време на четвртиот дигитален самит на економиите на Западен Балкан, истакна генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, во подкаст на DSWB, што ќе се одржи во Подгорица од 11 до 13 октомври.
Таа изјави дека Тиранската пирамида, изградена како музеј на Енвер Хоџа, албанскиот диктатор, ќе се претвори во најголемиот регионален центар за дигитална трансформација на Западен Балкан.
„Нема подобар симбол од разговорот за дигиталната иднина на Западен Балкан, јадро на регионалната соработка. Тоа е движечката сила на заедничкиот регионален пазар и исто како и оваа пирамида, се гради еден пазар за сите шест земји. Имаме основа. Западен Балкан без роаминг од први јули. Додека патуваме во ЕУ од Балканот, плаќаме 43 пати повеќе за роаминг од останатите“,
нагласи Брегу.
Крајната цел е постепено намалување на цените на роаминг меѓу Западен Балкан и ЕУ и приближување кон домашните во следните пет години.
Дигиталниот самит на Западен Балкан 2021 година се одржува како дел од Берлинскиот процес и како иницијатива координирана од Советот за регионална соработка
Домаќин и организатор на годинешното издание е Министерството за јавна администрација за дигитално општество и медиуми во име на Владата на Црна Гора, додека генерален спонзор е компанијата М:ТЕЛ, јави РТЦГ.
Од 1 јули е укинат роамингот меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина, што значи дека цената на услугите за СМС-пораки и телефонски повици е иста како дома, но користењето на интернет-услугите надвор од државата не е бесплатно без ограничување.