Еден од новите 24 случаи со коронавирус е поврзан со Кожната клиника во Скопје, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Со ова, бројката на заразени од оваа Клиника преку поранешната директорка порасна на шест лица, со оглед на тоа дека вчера имаше пет позитивни лица.
Покрај за новите 24 случаи, Филипче информираше и за двајцата излечени пациенти. Едниот е маж од Дебар кој веќе е испишан од Инфективната клиника и е испратен на домашно лекување откако во два наврати неговиот тест бил негативен.
Втората излекувана пациентка е жена од Скопје, која исто така имала два негативни теста. Документите за неа се спремаат и во текот на денот и таа ќе биде пуштена од Инфективната клиника.
Инаку, од новите 24 случаи, 15 лица се од Скопје, четири лица се од Куманово, двајца се од Дебар и по едно лице од Штип и Тетово.
Вкупната бројка на заразени во земјава со денешните статистики достигна 201.