Договорот за заштита на словачкиот воздушен простор следува Братислава ја прекина употребата на старите борбени авиони МиГ-29 од советско производство, потенцијално ослободувајќи ги за Украина
Словачка денеска потпиша договор според кој членките на НАТО, Чешка и Полска, ќе го надгледуваат нејзиното небо, откако Братислава ја прекина употребата на старите борбени авиони МиГ-29 од советско производство, потенцијално ослободувајќи ги за Украина.
Договорот беше потпишан во базата на словачките воздухопловни сили од страна на полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак, Јана Черночова од Чешка и Јарослав Над од Словачка.
Според договорот, заштитата на словачкиот воздушен простор треба да почне од септември и да трае додека Словачка не добие 14 нови авиони Ф-16 од Соединетите Американски Држави, што се очекува во 2024 година.
Словачка соопшти дека е подготвена да испрати 11 ловци МиГ-29 во Украина, чија војска долго време се потпира на опрема од советската ера.
Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, Украина ги повика западните сојузници да и дадат борбени авиони кои ќе одговараат на воздушната супериорност на Русија.