Во дебата на „360 Степени“, докторантката на Универзитетот во Грац, Австрија, Лура Положани, зборуваше за реформите кои ги преземе Владата од Планот 3-6-9 и што треба да се направи за да не се повтори состојбата на заробена држава.
– Ако навистина се ангажираме патувањето кон ЕУ да го правиме без запирање, каде постојано имаме прогрес и немаме регрес, тогаш повеќе треба да мислиме во смисла на Владата и институциите внатре во Владата, министерствата во контекст на институциите, а не во политички контекст. Што значи, ако денес во Влада е една партија, а утре доаѓа друга по четири години, посветувањето кон евроатланските интеграции треба да стои независно од што било. Значи треба да научиме во таа смисла и луѓето внатре во Владата да ги гледаат институциите повеќе од институционална а не политичка смисла, и истото треба да се случи однадвор, да ги гледаат првин институциите а не секогаш луѓето кои раководат со нив. Што значи, треба да развиеме општество, а не само институции за едно широко општество, каде претходниот контекст да не се повтори никогаш – рече Положани.
Таа нагласи дека за да се осигураме дека состојбата на заробена држава нема да се повтори, треба да се размислува на пошироко ниво, односно не само со промена на неколку закони, туку и преку едукација.
Напишете коментар