Комисијата за заразни болести донела препорака за продолжување на рестриктивните мерки во наредните седум дена, потврдиле од Комисијата за МИА.
Препораката ја разгледал и кризниот штаб, а утре на седница ќе ја разгледа и Владата, по што ќе донесе одлука.
Актуелните мерки, кои стапија во сила на 7 април, предвидуваат: полициски час од 20 часот до 5 часот наутро; затворени угостителски објекти, кои може да работат само со продавање храна преку штанд или со достава; работа на обложувачниците само преку шалтер или пулт; затворени фитнес-центри и спортски сали и забраната за семинари, обуки и конференции.
Исто така, од претходно на сила е и забраната за групирање на повеќе од четири лица.