Дваесет и осум лица не ја почитувале забраната за движење од 20 до 5 часот утринава. Од МВР соопштуваат и дека во изминатото деноноќие регистрирале и 431 прекршок поради неносење лична заштита на лицето.
Мерките за забрана за движење на територија на целата држава стапија во сила на 6 април и со одлука на Владата ќе траат до 20 април.
За време на забраната и посебниот режим на движење, сите граѓани што живеат во згради и што имаат домашни миленичиња (кучиња) може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраење од еден час, почнувајќи од 22-23 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде што живеат.
Со мерките се затворени и вежбалниците, фитнес-клубови, спортските центри, а забранети се и настани, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип.