Утринава повеќе медиуми, меѓу кои и „Билд“, објавија дека маж вооружен со пиштол се засолнил во продавница во трговски центар откако отворил оган во просториите на радиостаница во градот
Полицијата соопшти дека ставила крај на заложничката драма во источногерманскиот град Дрезден откако го евакуирала трговскиот центар во историскиот центар на градот и го затворила познатиот божиќен пазар „Стризелмаркт“.
„Сè е јасно! Заложничката ситуација во Дрезден заврши“,
објави полицијата на Твитер и додаде дека им се дава помош на две лица.
Полицијата соопшти дека осомничениот маж бил повреден и дека изгледал многу збунет. Се претпоставува дека тој боледува од ментална болест.
Информативниот портал „ТАГ 24“ претходно објави дека според соопштение на полицијата се верува дека 40-годишен Германец ја убил својата 62-годишна мајка во станбена зграда во областа Прохлис во Дрезден, југоисточно од центарот на градот.
Во текстот на порталот се додава дека според информации од полицијата заложничката драма во трговскиот центар „Алтмарк галери“ (Altmarkt-Galerie) е поврзана со убиството, но не добиле детали.
Инцидентот се случува додека во Германија се разговара за безбедноста откако истражители претходно оваа недела открија екстремнодесничарски заговор за соборување на германската влада и поставување аристократ за лидер на новата држава.
Утринава повеќе медиуми, меѓу кои и „Билд“, објавија дека маж вооружен со пиштол се засолнил во продавница во трговски центар откако отворил оган во просториите на радиостаница во градот.
Полицијата спроведе акција во центарот на градот. Станува збора за земање заложници, потврди тогаш полицијата, при што додаде дека трговскиот центар и божиќниот пазар во близина се затворени.