Во текот на новогодишната ноќ на подрачјето на Скопје евидентирани се три пријави за прослави со поголем број луѓе.
Едната прослава била во општина Карпош на булеварот „Партизански одреди“, втората во општина Центар на булеварот „Илинден“ и третата на подрачјето на Бит Пазар, во Старата Чаршија.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Од синоќа до 8 часот утрово на бесплатната телефонска линија на МВР биле пријавени 22 групирања за новогодишната ноќ, од кои 8 биле неосновани.
